Правила и услови за учество во наградниот натпревар

Организатор

Организатор на натпреварот „Фит Предизвик“ е НАТУСАНА ДОО Скопје, со седиште на Ул. Качанички пат бр. 174 Скопје 1010, Република Македонија.

Времетраење

Пријавувањето за учество во наградниот натпревар (во понатамошниот текст: предизвик) ќе започне на 22.април 2019 година од моментот на објавата на Facebook фан страницата на Allga San од страна на администраторот, а краен рок за пријавување ќе биде 17.мај 2019 година 23:59 часот. Учесниците ќе бидат прогласени на 22.мај 2019 година преку објава на Facebook фан страницата на Allga San од страна на администраторот и на страницата fitpredizvik.mk.

Право на учество во предизвикот

Право на учество во предизвикот имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија. 

Право на учество во предизвикот немаат вработените во организаторот НАТУСАНА ДОО Скопје, како и сите останати лица кои директно се вклучени во приредувањето и организирањето на предизвикот, во обезбедувањето на подароците за предизвикот, како и членовите на нивните потесни семејства (родители, деца, браќа, сестри и сопружниците).

Право на учество во предизвикот немаат професионални спортисти, фитнес инструктори и тренери.

Учесниците ќе се одберат од страна на стручно жири: Васко Русевски (претставник од Натусана), Елена Бубало (сопственик и тренер на Ultimatefit Alebras) и Маја Танушоска (претставник на агенцијата Кајгана Медиа).

Одбраните учесници ќе се натпреваруваат во полуфиналето од предизикот кое ќе се одржи на:

  • 01 и 02 јуни во Планинарски дом Царевец (Маврово) каде ќе се натпреваруваат 10 учесници
  • 22 и 23 јуни во Планинарски дом Караџица, каде ќе се натпреваруваат 20 учесници

Финалето ќе се одржи на датум и локација која дополнително ќе се одреди од страна на организаторот. Во финалето на предизвикот ќе влезат 10 учесници.

Програмата ќе вклучува самостојно готвење од страна на учесниците, предавање за исхрана, утринско истегнување (јога) итн. Вежбите кои ќе бидат опфатени со предизвикот се формирани од страна на Елена Бубало (сопственик и тренер на Ultimatefit Alebras) и опфаќаат: трчање, склекови, “брпис”, чучнувања, различни пленкови, исчекори, интервални вежби со скокови, различни стомачни вежби итн.

Организаторот ќе овозможи бесплатен превоз до местото на одржување на предизвикот, оброк за секој од учесниците и престој во планинарските домови.

Правила за учество во предизвикот

За учество во предизвикот, потребно е кандидатите да се пријават на страницата fitpredizvik.mk преку поднесување на своите податоци. За учеството да биде регуларно, учесниците мораат да ги прифатат правилата на натпреварот и точно да го пополнат прашалникот со следните задолжителни податоци: 

  • Име и презиме
  • Место на живеење
  • Контакт телефон
  • Email адреса
  • Дата на раѓање
  • Да прикачат лична фотографија
  • Да одберат на кој настан (и датум) се пријавуваат
  • Да ги ги пополнат останатите полиња со дополнителен опис за себе, натпреварувачките и рекративните активности и тн.

Лична одговорност е на корисникот заштитата на доверливоста на лозинките за оние места каде што е предвидено да се впишат. Организаторот не сноси никаква одговорност за било какво губење на податоците, поради прекин на услугите при пренос на информациите на интернет. 

Натпреварот е наменет исклучиво за лична употреба и е строго забрането какво било користење во комерцијални цели од страна на учесниците или други лица. За да се одржи предизвикот потребно е да има минимум 25 пријавени учесници.

Учесниците кои нема да го пријават своето учество во согласност со правилата за учество, автоматски ќе бидат исклучени од учеството во предизвикот. Истото важи и во случај на приложување на неточни податоци од страна на учесниците. Лицата кои нема да го пријават своето учество во согласност со правилата за учество, ќе приложат неточни податоци го губат правото на учество при доделувањето на подарокот, доколку во меѓувреме го освојат. Во случај на давање на неточни податоци, лицата сами ја сносат одговорноста за истиот чин, т.е. Организаторот нема да сноси никакви одговорности по било кој основ.

Преку оваа апликација за учество, учесниците прифаќаат нивните лични податоци да се користат во маркетиншки цели, освен оние податоци кои согласно Законот за заштита на лични податоци се строго доверливи и претставуваат посебна категорија. Учесниците не смеат да објавуваат материјали кои ги загрозуваат или ги кршат правилата на останатите корисници, кои се незаконски по својата природа, кои се вулгарни или пак на било кој начин навредливи во комуникацијата, кои поттикнуваат на противправни и нелегални активности. Во случај на вакви активности, нивните вршители ќе бидат инстантно дисквалификувани, со забрана за повторно учество во предизвикот.

Фонд на подароци

Фондот на подароци се состои од 3 ваучери за спортска опрема во различна вредност и пакет производи Allga San за секој учесник во полуфиналето. 

Фондот на подароци од 3 спортски ваучери се распределува на следниот начин:

  • 1 освоено место на предизвикот – ваучер за спортска опрема во вредност од 10.000 денари
  • 2 освоено место на предизвикот - ваучер за спортска опрема во вредност од 7.000 денари
  • 3 освоено место на предизвикот - ваучер за спортска опрема во вредност од 5.000 денари

Подарокот не може да се пренесе на друго лице или да се замени со пари или друг производ.

Подигнување на подароците

По завршување на предизвикот добитниците ќе бидат прогласени на Facebook фан страната на Allga San и страницата fitpredizvik.mk. Организаторот ќе ги информира за локацијата и времето во кое можат да ги подигнат подароците. 

Подароците се подигнуваат лично, со лична идентификација во просториите на организаторот. Краен рок за подигнување на подароците е 30 дена од прогласувањето.

Добитници

Добитниците кои ќе освојат подарок ќе бидат јавно објавени на Facebook страницата на Allga San и страницата fitpredizvik.mk и даваат согласност ОРГАНИЗАТОРОТ да го објави нивното име и презиме, слики од профилните слики, да ги фотографира при подигнување на подароците и фотографиите да ги објави на фан страницата на Allga San и страницата fitpredizvik.mk. Победниците кои освоиле подарок ќе бидат известени за подарокот и по пат на електронска пошта на е-маил адресата која ја оставиле во формуларот за податоци при регистрацијата за учество.

Дисквалификација

Организаторот го задржува правото да го дисквалификува секој учесник за кој има основи да верува дека делува во спротивност со правилата на предизвикот. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации се финални.

Заштита на податоците

Сите податоци на учесниците (име и презиме, телефонски број и е-mail адреса и тн.) ОРГАНИЗАТОРОТ ќе ги користи заради контактирање на добитниците во врска со преземањето на подароците, проверка на регуларноста на нивното учество, статистичка обработка и јавна објава на Facebook страницата на Allga San.

Сите прибрани лични податоци за учесниците ќе бидат отстранети од сите носачи на податоци за најмногу од 15 дена по завршетокот на наградниот натпревар. Ќе бидат задржани само збирните статистички податоци за бројот на учесникот по место на живеење и доделените подароци.

ОРГАНИЗАТОРОТ нема да ги отстапи податоците на трето лице и податоците нема да се архивираат.

Измена на правилата и фондот на подароци

ОРГАНИЗАТОРОТ го задржува правото на измена на правилата на наградниот натпревар „Фит Предизвик“ за време на траење на предизвикот.